September 11, 2026

Бугарски пратеник поднесе иницијатива македонскиот јазик да стане дијалект

Бугарскиот пратеник и претседател на опозициската партија „Преродба“ – Костадин Костадинов денеска во Парламентот на неговата земја поднесе иницијатива со која, според неговиот предлог, македонскиот јазик би бил третиран како бугарски дијалект.

Костадинов и претходно застапувал вакви ставови. Тој отворено тврди дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дека македонските говори се дел од бугарското јазично подрачје.

Партијата „Преродба“ дејствува како опозиција и остро се противи на евроатлантската политика на Софија, на воведувањето на еврото и на воената поддршка за Украина.

Read Previous

Халкбанк обезбеди 20 компјутери за гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје

Read Next

Опожарени над 20 дуќани со текстилна и друга роба во Шуто Оризари