Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за невреме со пороен дожд и грмежи. T=39°C. P=976hPa. U=32%. V=3m/s. UV index=10.
До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов и понеделник кога дневната температура секаде ќе биде над 33 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.


