June 11, 2026

„Bridge To Balkans“ носи нова платформа за иновации меѓу Турција и Балканот со финален настан во Скопје

Денес во Скопје се одржа завршниот настан „Demo Day“ на регионалната програма за акцелерација „Bridge To Balkans (B2B)“, спроведена во соработка меѓу Дигиталпарк технокент, технолошки центар со седиште во Истанбул, и Центарот за иновации „Инокс“.

Настанот се одржа во Центарот за иновации „Инокс“, кој функционира во рамки на Меѓународниот балкански универзитет (IBU). На него присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Фатих Улусој, генералниот директор на Дигиталпарк технокент, проф. д-р Тахсин Енџин, претседателот на ТУБИТАК БИЛГЕМ (Научен центар за информатика и информациска безбедност), проф. д-р Али Горчин, претставници на Дигиталпарк технокент и ТУБИТАК БИЛГЕМ, претставници на турски и локални институции во земјата, студенти и гости.

Енгин во своето обраќање истакна дека Дигиталпарк технокент е технолошка развојна зона која има за цел да ги обедини универзитетите, претприемачите, индустриските партнери, инвеститорите и јавните институции околу иновациите и растот базиран на технологија.

Тој нагласи дека денес ќе бидат презентирани решенијата на перспективни стартапи и додаде: „Веруваме дека Балканот и Турција, со здружување на талентот, технологијата, претприемачкиот систем и соработката, можат да создадат силен иновациски коридор и да изградат поцврст екосистем и поконкурентни стартапи“.

Директорот на Центарот за иновации „Инокс“, Абил Бауш, изјави дека на завршниот „Demo Day“ учествувале 11 нови стартапи.

Тој нагласи дека програмата претставува прв чекор за обединување на младите претприемачи, додавајќи: „‘Bridge to Balkans’ не само што ги поврзува земјите од Балканот меѓусебно, туку ги обединува и претприемачите, инвеститорите и сите луѓе во нашиот екосистем.“

Коосновачот на B-Connector, партнер за имплементација на програмата „Bridge To Balkans (B2B)“, Мехмет Долган, истакна дека бил импресиониран од талентот што го пронашол во претприемачкиот екосистем на Западен Балкан.

Програмата, чија цел е создавање одржливи мостови за иновации, трговија, трансфер на технологија и претприемачка соработка на Балканот, започна на 8 мај во Скопје со „bootcamp“.

На шестнеделната акцелерациска обука на B-Connector учествуваа 13 стартапи од Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Во програмата учествуваа компании од девет различни области, почнувајќи од здравствени технологии и финтек секторот, па сè до производствени технологии, текстил, храна, медиумска анализа, градежништво и декорација.

Read Previous

Мицкоски: Остануваме во проекциите за економски раст над 3,5%