June 4, 2026

Неколку лица загинаа при пад на мал авион во Хрватска

Неколку лица загинаа денес при пад на мал авион на подрачјето на Медулин, во Западна Хрватска.

Мал авион се урна на подрачјето на Медулин, а според сè уште неофицијални информации од терен, во несреќата загинале неколку лица, објави порталот „dnevnik.hr“.

Истарската полиција во 11:18 часот добила дојава за пад на помал авион на подрачјето на Цампанож (недалеку од аеродромот во Медулин).

Сите итни служби (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности од својата надлежност.

Read Previous

Полицијата уапси 11 лица низ целата држава поради дрога