June 4, 2026

Пожар избувна во зградата на Амбасадата на Пакистан во Белград

Во зградата на Амбасадата на Пакистан во населбата Дедиње во Белград, утринава избувна пожар, пренесува Анадолу.

Агенцијата „Танјуг“ пренесува дека на снимките објавени на социјалните мрежи може да се види дека пожарот избувнал на последниот кат, огнот зафатил дел од покривот, а пламени јазици избиваат низ прозорците.

Белградските медиуми пишуваат дека противпожарните екипи се на самото место. Во моментов не е познато дали има повредени.

Read Previous

Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20% во првото тромесечје на 2026

Read Next

Полицијата уапси 11 лица низ целата држава поради дрога