June 3, 2026

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Тетовската полиција добила пријава дека во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет.

Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти.

– При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарка помош, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител. 

Read Previous

Словенците забранија слетување на израелски авион, го пренасочија кон Хрватска

Read Next

Владата го усвои новиот закон против пушење, угостителските објекти ќе имаат 12 месеци за прилагодување