June 2, 2026

Во следните недели пет нови авиолинии – единствени сме што во време на глобална авиокриза отвораат нови дестинации

Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии, најавува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-„Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг – летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А, од Скопје имаме две одлични летни дестинации, што ќе продолжат и после летото, но, така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. Така што сме единствена држава што отвара нови летови, вели Николоски.

Дополнително, Николоски вели дека целосно со керозин го снабдуваме приштинскиот аеродром и делумно нишкиот аеродром, што значи дека заради добрата организација во Скопје, фунционираат и овие два аеродрома.

Read Previous

Во месец мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци

Read Next

Секој седми граѓанин на Македонија има партиска книшка