Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денес го прими претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој е во официјална посета на земјата.
Швајцарскиот претседател беше пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во вилата „Водно“.
По приемот, следуваше средба еден на еден на претседателите, а потоа и меѓу делегациите на Северна Македонија и Швајцарија.
