April 23, 2026

Турција ги забранува социјалните мрежи за лица под 15 години

Турскиот парламент во среда навечер донесе закон со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на лица под 15 години. Лицата под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните медиуми, а дигиталните платформи ќе бидат обврзани да имплементираат системи за проверка на возраста, објави турскиот новински канал НТВ.

Родителите ќе имаат алатки за контрола на времето поминато пред екран, а во „итни случаи“ главните платформи на социјалните медиуми ќе мора да интервенираат во рок од еден час од ширењето на штетна содржина, додаде НТВ. Законот стапува на сила шест месеци по објавувањето во службениот весник, објави Анадолу.

Дебата во Европа

Неколку земји разговараат за забрана на пристапот до социјалните медиуми за лица под 15 години. Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела ги повика младите луѓе да имаат месечен „ден без интернет“ за да можат повторно да го откријат читањето или спортот, или „виталноста на реалниот живот“, пред европскиот „координативен“ состанок за забрана на социјалните медиуми за лица под 15 години, објави АФП.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и лидерите на 12 членки на ЕУ – Германија, Австрија, Кипар, Шпанија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Чешка и Словенија – разговараа за слично ограничување на пристапот на децата до социјалните медиуми минатата недела пренесува проверено. 

Read Previous

Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини – се сомничи за проневера на околу 700.000 евра