March 17, 2026

Родителите на починатите бараат правда: Пренатрупан судски процес, треба да се разграничи, да се знае кој бил директно инволвиран

Родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани изразуваат незадоволство од начинот на кој се одвива судскиот процес, посочувајќи дека постапката е пренатрупана и недоволно јасно ја разграничува одговорноста.

Според нив, по толку месеци од трагедијата, очекувале појасна структура во процесот и утврдување на тоа кој сноси директна одговорност за настанот.

„Судскиот процес започна, но според нас, родителите, изгледа некако пренатрупан и со работи кои требаше однапред да бидат разграничени“, велат тие.

Родителите сметаат дека е потребно јасно да се утврди кој е директно инволвиран во трагедијата и кој треба да сноси одговорност од прв, а кој од втор степен. Според нив, таквиот пристап би помогнал процесот да биде поразбирлив и поефикасен.

Read Previous

Муцунски – Хоџа: Евроинтеграцијата на Албанија и Северна Македонија и на целиот Западен Балкан е од стратегиско значење