March 16, 2026

Една година од денот што ја зави Македонија во црно – Среде ноќ се бдееше кај „Пулс“

16.03.2025 – Ден што ја скрши Македонија. Ден кога една вест ја разбуди целата држава. Вест што никој не сакаше да ја чуе.
 Пожар во дискотека во Кочани.

За неколку минути, ноќта се претвори во трагедија. 63 млади животи згаснаа, а стотици беа повредени. Тишината што следеше ја зави целата земја во болка.

Изминатата ноќ, во организација на здружението „16-ти март“ се одржа ноќно бдеење во Кочани во чест на 63-те млади кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Собирот се одржа пред поранешната дискотека, каде граѓаните почнат да се собираат околку 2 часот по полноќ. Со свеќи во рацете, цвеќе и имиња на жртвите испишани на бели срциња, присутните со повеќеминутен молк одадоа почин на загинатите. 

Во 02:32 часот, моментот кога пред една година избувна пожарот, присутните ќе оддадат почит со едноминутен молк.

Споменот за прерано згаснатите животи нема да биде заборавен. 

Read Previous

13 возачи приведени поради безобѕирно управување со моторно возило