Владата вечерва организираше ифтарска вечера, а веста ја објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
„Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност.
Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество.
Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница.
На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови“, вели Мицкоски.


