Освен возачи, полицијата казнува и пешаци кои не ги почтуваат правилата. Не се поштедени ниту возачите на мотоцикли и електрични тротинети.
Само во изминатите 10 дена санкции од сообраќајната полицијата добиле 238 пешаци.
– Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 43 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 238 пешаци и еден возач на електричен тротинет, информираа од полицијата.
Исто така санкционирани се 754 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Skopjeinfo


