March 12, 2026

Третата група евакуирани македонски државјани од Блискиот Исток слетаа во Приштина

Вечерва на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Патниците претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштија регионот, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. 

„Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции.

Безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони“, рече Муцунски.

Read Previous

Стопанската комора на Македонија-Турција организираше ифтарска програма во Скопје

Read Next

Албанскиот Парламент го отфрли барањето на обвинителството во случајот против поранешната вицепремиерка Балуку