Во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајот ќе се регулира согласно безбедносните проценки и потребите на протоколот.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот за време на посетата.


