Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -4 степени.
Следуваат -2 Попова Шапка, 0 Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови, 1 Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево, 2 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, 5 Гевгелија.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 62 cm.
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

