January 28, 2026

МНР со реакција: Бугарското МНР да биде партнер во дијалог, а не рецензент на политички изјави

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.

„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.

Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.

„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации. Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.

Read Previous

Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје

Read Next

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња