January 26, 2026

Зголемено нивото на повеќе реки во Македонија

Нивото на повеќето реки во земјата денеска е во пораст, со особено зголемување кај Вардар, на потегот од Јегуновце до Демир Капија, како и во Велес, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Покрај Вардар, пораст на водата се забележува и кај реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.

Сепак, не сите реки бележат пораст. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на нивото на водата.

Податоците на УХМР покажуваат дека нивото на Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и се движи во рамките на просечните вредности за јануари.





TV21

Read Previous

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Read Next

Пет лица се водат како исчезнати по голем пожар во фабрика за храна во Грција