Се зголемува бројот на заболени од грип во земјата, а Инфективната клиника во Скопје регистрира уште еден смртен исход. Почина 69-годишен пациент од внатрешноста на државата, кај кого вирусот предизвикал сериозни компликации.
Според директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, пациентот бил примен во критична состојба со масивна бронхопневмонија и веднаш бил приклучен на механичка вентилација. Лабораториските анализи покажале присуство на инфлуенца А. „И покрај преземените мерки, пациентот не издржа“, соопшти Цана.
Починатиот имал претходни белодробни заболувања и не бил вакциниран против сезонскиот грип, иако припаѓал во ризична категорија.
Ова е втор смртен случај поврзан со грип за кус временски период, откако претходно почина 75-годишна жена. Во моментов на Инфективната клиника се лекуваат околу 30 пациенти со тешка клиничка слика, најчесто постари лица со респираторни компликации.
TV21


