December 15, 2025

Од денеска со „Визер“ преку Скопје ќе се лета и за Прага

Авиокомпанијата „Визер“ на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага.

Новата авиолинија беше најавена уште во јули од страна на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром: Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ноември и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје од декември.

На настанот денеска, според најавите, ќе присуствуваат генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Виз ер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Read Previous

Загрижувачка опсесија во регионот со Србија и Вучиќ