Вчера (14.12.2025) околу 10:00 часот на бул.”Крсте Мисирков” во Скопје полициски службеници од ПС ОН Бит Пазар постапувајќи по план од Оперативната акција “Пиротехника” затекнале две импровизирани тезги со 876 парчиња разни пиротехнички средства.
Исто така во 14:00 часот при контрола на ул.”192″ на инпровизирана тезга од страна на полициски службеници пронајдени се и одземени 2.496 различни видови на пиротехнички средства.
Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицата кои ја продавале пиротехниката по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
TV21


