Премиерот на Косово, Албин Курти, соопшти дека хуманитарната помош на Косово за населението во Газа официјално тргна од пристаништето Мерсин во Турција.
Косовскиот премиер Курти истакна дека помошта вклучува шатори, прехранбени продукти, ќебиња и 158.000 топли оброци за цивилите во Газа. Тој појасни дека одлуката за помошта е донесена во јануари, но нејзината реализација станала можна по склучувањето на неодамнешниот мировен договор предводен од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Тој истакна дека овој потег ја покажува посветеноста на Косово кон меѓународната солидарност, со цел да се помогне во ублажувањето на човечките страдања во Газа и да се даде придонес цо напорите за мир и безбедност.
Премиерот ѝ се заблагодари на Турција и на турската Црвена полумесечина за нивната блиска соработка при спроведувањето на оваа хуманитарна операција.

