December 10, 2025

Кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе до Основното јавно обвинителство Скопје кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, Спасовски е осомничен дека во текот на 2021 година, кога ја извршувал својата функција како министер, овозможил на правен субјект – технички преглед во Општина Сарај, да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.

Според пријавата, Спасовски во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластувањето за технички преглед врз основа на предлогот доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи.

„Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл. 65 ст. 3 од Законот за возила и чл. 5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила“, се вели во соопштението.

Кривичната пријава се заснова на член 353 став 4, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Read Previous

За само 9 дена 6151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 44 лица за безобзирно управување на возило

Read Next

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии