Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е среќен поради последниот податок за раст на бројот на новороденчиња, но дека и натаму државата е далеку од, како што вели, она што треба да биде вистинскиот мотор на општеството – човечкиот фактор.
„Имаме тешка задача да се бориме против нашето исчезнување како држава и народ, а тоа е демографијата и намалениот наталитет. Радува последниот податок за раст на бројот на новороденчиња, но далеку сме од она што треба да биде вистинскиот мотор на општеството – човечкиот фактор“, напиша Мицкоски.
TV21


