Во првите десетина дена од месец декември, во Тетово се забележува бледа празнична атмосфера. Граѓаните веќе четири години не го виделе градот украсен за новогодишните и божиќните празници и велат дека годинава Тетово треба да се украси. Според нив, треба да се почувствува празничниот дух, а украсувањето на градот би било добар чекор Тетово да биде како сите други градови.
„Верувам дека да, ова е празник за сите граѓани и долго време градот не бил украсен. Треба да се украси.“
„Треба да се украси, да имаме празнична атмосфера – станавме црни.“
„Да, секако.“
„Градот Тетово треба да се украси, бидејќи последниве четири години не беше. Мислам дека оваа година мора да се украси, затоа што граѓаните треба да бидат задоволни од изгледот на градот.“
Од Општина Тетово велат дека годинава градот ќе биде украсен, но сè уште чекаат подобри понуди и начини да се покријат финансиските трошоци за украсување.
„Да, градот ќе биде украсен за новогодишните празници. Ги собираме најдобрите понуди и ја разгледуваме можноста како финансиски ќе се покрие. Градот ќе биде украсен за празниците. Верувам дека од 10 декември ќе започне украсувањето.“, вели Алби Казими.
Граѓаните на Тетово, за време на новогодишните празници во изминатите четири години, одеа во други градови за да ја слават новогодишната ноќ, бидејќи Тетово немаше никаква организација во центарот на градот.
TV21


