Авион со патници вчера излетал од пистата при слетување на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул. Повредени нема.
Авионот летал на релација Приштина – Истанбул, а инцидентот се случил во услови на силни врнежи поради што, како што велат од авиокомпанијата, дошло до излизгување при маневрирањето.
Од Амбасадата на Косово во Турција соопштија дека сите лица во авионот се безбедни.
– Амбасадата на Република Косово во Турција информира дека денеска, на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’, авион опериран од компанијата AJet, од типот Boeing 737-800, кој го реализираше летот Приштина–Истанбул со број TKJ76Q / VF102, по слетувањето излезе од такси-патеката и застана на крајот од пистата. Според официјалните информации, сите патници се евакуирани безбедно преку надворешните скали, без потреба од употреба на итните лизгалки. Нема извештаи за повредени лица, а патниците уредно го напуштиле аеродромот и се упатиле кон своите дестинации, велат од Амбасадата.


