Сообраќајот на граничниот премин Богородица (Евзони) денеска ќе биде целосно блокиран за сите видови возила поради штрајк организиран од грчките земјоделци.
Според информациите, прекинот ќе трае во два термини:
од 10:00 до 14:00 часот
од 18:00 до 22:00 часот
Во овој период нема да биде можен ниту влез ниту излез кон Грција преку овој премин.
Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат патување во наведените интервали и да користат алтернативни гранични премини.
TV21


