
Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни односи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Лондон остварија средба со британскиот премиер Кир Стармер.
За средбата преку пост на американската компанија за социјални медиуми Х објави министерот Муцунски, истакнувајќи дека се потврдени „одличните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство’.
„Разговаравме за посилна економска и трговска соработка“, додаде Муцунски во објавата.
Посочи дека е нагласена и клучната улога на Велика Британија во поддршката на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.
Делегација од Северна Македонија предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски престојува во Лондон по повод Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, за промовирање на регионалната соработка и унапредување на безбедноста и економскиот раст.
AA