October 22, 2025

Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица.Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата започнаа со вакцинација против сезонски грип и во домашни услови, на повозрасни и неподвижни лица, како и лица со попреченост.

Во прилог табела со контакт-телефони за закажување сезонска вакцинација против грип во домашни услови.






TV21

Read Previous

Над 3.000 евра за метар квадратен – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Read Next

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити