
(Северна) Македонија е мала земја со многу политичари, но малку државници, со големи политички игри.
(Ќе ја истакнам во оваа прилика и мислата дека честата промена на името на државата директно е поврзано со ова.)
Откако знам за себе, изборите во македонскиот блок секогаш биле трка помеѓу двете големи политички партии кои собираат мали партии под свои закрила.
На последните избори, граѓаните очигледно се изморија од овој дуопол, па така ЗНАМ и ЛЕВИЦА приредија изненадување.
Во македонскиот блок, со зголемениот замав на овие две партии, најмногу сме љубопитни околу тоа:
колку гласови ќе добие/изгуби владејачката ВМРО-ДПМНЕ,
дали опозициската СДСМ со новото раководство ќе се издигне повторно,
и
дали овие партии ќе освојат мнозинство во општините.
Кога ќе преминеме на албанскиот политички блок, иако на избори традиционално се излегува со многу големи и мали партии, негативните последици од политиката „подели, распарчи, владеј“ стигнаа до точка на неиздржливост.
Затоа, пред минатогодишните парламентарни избори, речиси сите партии од овој блок – и покрај сите идеолошки, интересни и вредносни разлики – успеаја да се обединат во два главни сојузи.
(Велам „успеаја“ со доза на макијевелизам, затоа што оние што се натпреваруваа на последните локални избори и си кажуваа сè и сешто, денес бараат гласови еден за друг, а за тие што тогаш им беа сојузници, сега немаат не се ни поздравуваат меѓу себе. Дали политиката има етика – ќе го оставиме тоа прашање за по изборите.)
Како и секогаш, и овие избори се едни од нај„критичните“ за нашата земја. Местото каде што ќе „пукне тиквата“ (фактот дека кандидатите започнуваат со кампањи 2 месеци пред изборите, а вистинска кампања само месец дена пред изборите, е најдобар доказ за тоа) е токму тука.
Ќе се одлучува меѓу:
Продолжување на актуелната влада
Нова влада без избори
Нови предвремени избори
И тоа токму во албанскиот политички блок.
Ако владејачкиот сојуз ВЛЕН ги добие изборите, ќе го оттргне од себе притисокот и прашањата околу легитимитетот и ќе продолжи посилно да владее.
Ако победи сојузот АKИ предводен од ДУИ, со оглед на тоа што лани освои повеќе гласови, но остана во опозиција, ќе ги отвори прашањата за легитимно претставување и политичка „туторска“ улога, па може да се појави барање за нова влада или предвремени избори.
Секако, сето ова се предизборни предвидувања, но сите добро знаеме дека на изборната ноќ сите политичари ќе излезат како „победници“ (ќе ги истакнуваат општините каде што водат), додека граѓаните, општеството и државата ќе изгубат нешто.
А турците!?
Турската политика во Македонија сè уште е зафатена со искусување на политиката „подели, распарчи, владеј“, што е одраз на гревовите од ВЧЕРАШНИОТ ден.