September 15, 2025

Дарио Ивановски на 58. место на маратон на СП во Токио

Најдобриот македонски атлетичар во маратон Дарио Ивановски, успешно го финишираше маратонот во Токио, во рамките на Светското првенство. Ивановски заврши на 58. позиција со време од 2:26:31.

Маратонот го завршија 66 натпреварувачи, а многумина од пријавените се откажаа за време на трката.

Победник на маратонската трка е Алфонс Феликс Симбу од Танзанија, кој заврши за дел од секундата побрзо од Аманал Петрос од Германија, додека трет беше Италијанецот Илиас Ауани, кој заостануваше пет секунди.

Со настапнот на Ивановски завршија и настапите на македонските атлетичари на Светското првенство. Претходно рекордерката во маратон во женска конкуренција во Македонија Андријана Поп-Арсова Рашиќ заврши на 62-рото место со време од 3:01:48, што беше најдобро време во оваа сезона за нашата натпреварувачка.







TV21

Read Previous

Реката Вјоса во Албанија, „дивиот бисер“ на Европа