September 15, 2025

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.

Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.

Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина.







TV21

Read Previous

Пратеникот Салих Мурат избран за најдобар пратеник

Read Next

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево