September 12, 2025

Комбе со работници излета од експресниот пат Штип – Радовиш

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Македонија. Комбе кое превезувало работници утринава излетало од експресниот пат Штип – Радовиш, од мостот Балатилиска Река, пренесува МИА.

Според првичните информации на МИА, има починати и повредени лица.

Возила од Итната медицинска помош, како и тим од пожарникари на ТППЕ-Штип и полициски службеници се на местото на настанот.

Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на денот.





TV21

Read Previous

Авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Read Next

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција