September 11, 2025

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Улусој, во посета на Министерството за култура и туризам

Амбасадорот Улусој во посета на министерот за култура и туризам Љутков.

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој, оствари средба со министерот за култура и туризам на Северна Македонија, Зоран Љутков.

Министерот Љутков го пречека амбасадорот Улусој заедно со придружната делегација во својот кабинет.

Во соопштението од Турската амбасада во Скопје се наведува:

„Амбасадорот Фатих Улусој, заедно со образовниот, културниот и промотивниот советник, како и со координаторот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, ја посетија Министерството за култура и туризам и со министерот Зоран Љутков одржаа состанок за унапредување на соработката меѓу Турција и Северна Македонија во областа на културата и туризмот.“

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ ги објави последните пет кандидати за градоначалници

Read Next

Нико Пелеши е новиот претседател на Собранието на Албанија