September 11, 2025

Започна аплицирањето за постдипломски студии на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје

Започна аплицирањето за постдипломски студии на Меѓународниот балкански универзитет (IBU) во Скопје за академската 2025/2026 година.

Како што соопшти Универзитетот, тој и оваа академска година продолжува да биде прв избор за студентите кои целат кон квалитетен академски напредок на магистерски и докторски студии.

Лоциран во Скопје и познат по својата мултикултурна структура, ИБУ нуди исклучително образовно искуство благодарение на својот интернационален кадар, современата инфраструктура на кампусот и студентскиот центриран модел на наставa, со што се издвојува не само на Балканот, туку и пошироко.

Универзитетот нуди широк спектар на постдипломски програми по инженерство, општествени науки, право, уметност и многу други области. На магистерско ниво се издвојуваат програмите по бизнис, економија, наука за податоци, клиничка психологија, меѓународно право и графички дизајн, додека докторските студии овозможуваат длабински истражувања во економија, менаџмент, компјутерско инженерство, балкански студии, англиска и турска книжевност.

Современиот кампус со своите лаборатории, истражувачки центри, богата библиотека и креативни работни простори, им овозможува на студентите да напредуваат и академски и социјално. Преку кариерно советување, менторство и водство, студентите добиваат поддршка за сигурен и силен почеток на својата професионална кариера веднаш по дипломирањето.

На ИБУ предаваат академици од различни земји во светот, што на студентите им овозможува не само теоретско знаење, туку и практична и интердисциплинарна перспектива.

Универзитетот нуди и различни стипендии и финансиска поддршка за студентите на магистерски и докторски студии.

– Аплицирањето отворено до 30 септември –

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, ја нагласи мисијата на Универзитетот – образование според меѓународни стандарди:

„Наш приоритет е да обезбедиме образование според меѓународни стандарди и да ги подготвиме студентите за глобалната конкуренција.“

„Ние не се грижиме само за академскиот напредок, туку и за социјалниот и културниот развој на нашите студенти“, истакна проф. д-р Сунар.

Пријавувањето за магистерски и докторски студии за академската 2025/2026 година трае до 30 септември 2025 година, а дополнителен уписен рок ќе има во периодот од 13 јануари до 14 февруари 2026 година.

Апликациите се поднесуваат онлајн преку платформата: hello.ibu.edu.mk/apply.

ИБУ е основан во 2006 година и за кратко време се издигна меѓу најпрестижните фондациски универзитети во регионот. Според мисијата на Универзитетот, тој со својата интернационална визија, академски достигнувања и повеќејазично образование, не нуди само диплома, туку и вештини со кои студентите се подготвени да конкурираат на глобално ниво.

Read Previous

Алиу потпиша меморнадум за соработка со приватните здравствени установи

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ ги објави последните пет кандидати за градоначалници