September 9, 2025

Земјите од регионот со честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија

Земјите од регионот упатија честитки по повод 8 Септември, Денот на независноста на Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи на Србија преку својот профил на социјалната мрежа на американската компанија X упати честитка до граѓаните и официјалните претставници:

„Среќен Ден на независноста на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија и на нашите почитувани колеги во Министерството за надворешни работи“, се вели во објавата.

Со пораки за најдобри желби, честитки упати и Министерството за надворешни работи на Црна Гора:

„Честитки и најдобри желби за успех и просперитет на нашите пријатели и сојузници во Северна Македонија, кои го одбележуваат својот Ден на независноста.“

По повод државниот празник, Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, во порака објавена на социјалните мрежи упати честитки до Северна Македонија.

„Добар момент да ги прославиме достигнувањата на нашиот сосед, додека гледаме напред со оптимизам во нашето заедничко патување кон членство во Европската Унија“, се вели во честитката.

Денес, Северна Македонија ја одбележува 34-годишнината од својата независност. На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, граѓаните гласаа за независност на земјата.

Read Previous

Турција упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија

Read Next

Службените возила, од денес, со регистарски таблички во друга боја