
авен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница, информираа денеска од Обвинителството.
Во сооштението се наведува дека увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат.
„Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот. Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер, велат од Обвинителството.
Од таму додаваат дека во меѓувреме, биле обезбедени снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот.


Skopjeinfo