
Полицискиот хеликоптер фрли повеќе од 45 тони вода врз дел од пожарите, информираа вчера од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочија во објава на Фејсбук, вчера (07.09.2025) полицискиот хеликоптер Бел 412 бил ангажиран за гасење пожар во реонот на с. Русиново, беровско и исфрлил 30 тони вода, а потоа бил упатен кон с. Раштак каде исфрлил повеќе од 15 тони вода.
Од МВР исто така нагласија дека продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.
Skopjeinfo