
Голем пожар ја зафати фабриката во Виница, а огнената стихија сè уште е активна. За малку беше избегната поголема трагедија, откако заштитниот шлем му го спаси животот на еден пожарникар врз кого паднала врела материја, најверојатно шербет.
Според првичните информации, во пожарот има повредени и пожарникари и цивили. Бројката се движи меѓу 5 и 10 лица, а меѓу нив има жители од Виница, Кочани и Струмица.
Повредените најпрво се пренесени во најблиските здравствени установи, а првата тријажа повторно се врши во болницата во Кочани, која е на голем притисок поради бројот на повредени.
Противпожарните екипи и натаму се на терен, а се очекуваат дополнителни информации за состојбата на повредените и за причините за избувнувањето на пожарот.
Skopjeinfo