September 6, 2025

На ГП Богородица за излез се чека и до еден час

На ГП Богородица за излез од државата кон соседна Грција се чека од 40 минути до 1 час, известуваат од АМСМ. Ова е поради летните одмори, но и поради продолжениот викенд по повод 8-ми Септември, Денот на независноста.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори и продолжениот викенд, се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП Богородица чекањето за излез од државата е околу 40 мин – 1 час, на ГП Табановце чекањето за влез и излез од државата е околу 30 мин. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.“, известуваат од АМСМ.

Read Previous

Над 68.000 туристи добиле здравствена услуга во летните амбуланти во Албанија

Read Next

Охридското езеро се соочува со забрзано загадување и истребување на живиот свет