October 20, 2025

Измама за лажна сообраќајка, велешанка измамена за сума од 10.000 евра

На 03.09.2025 во 18:20 часот во СВР Велес, 76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето и се јавило на фиксен телефон, се претставило како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината ќерка со сопругот направиле сообраќајна несреќа и притоа прегазиле мало дете и дека треба да плати за да не бидат пријавени во полиција. Според пријавеното, откако се договориле, ги однела на договореното место, а откако ја слушнала ќерка си сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







TV21

Read Previous

Македонија конечно има амбасадор во Париз

Read Next

Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“