September 4, 2025

Пратеникот Мурат ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Пратеникот Салих Мурат, избран од Европскиот фронт на Движењето за права и демократија на Турците во Македонија, ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Во својата изјава по посетата, Мурат истакна:

„Со големо задоволство ја посетив Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Како пратеник сакам да нагласам дека ѝ придавам особено значење на оваа институција. Потенцирав дека е неопходно законски да се зајакне и развие правната рамка, да се овозможи институцијата да биде пофункционална, како и да се зголеми буџетот и кадарот преку соодветни законски измени. Исто така, нагласив дека позитивните искуства од соседните земји треба да се земат како пример и дека во тој правец ќе ја понудам сета моја поддршка.“

На средбата се разговараше за состојбата и положбата на заедниците, предизвиците со кои се соочуваат и можните решенија. Во тој контекст, Мурат го претстави своето истражување „Употребата на турскиот јазик на локално ниво и можни решенија“, при што беа разгледани состојбата со образованието на мајчин турски јазик, прашањето на правична и пропорционална застапеност и соодветни решенија за овие проблеми, како и други прашања од интерес.

„На директорот, на сите вработени и на присутните турски службеници им упатувам искрена благодарност за укажаното внимание и интерес,“ додаде Мурат.

Read Previous

Српскиот лидер Вучиќ тврди дека воената соработка на соседните земји е насочена против Србија