August 22, 2025

Лига Европа за Шкендија е многу блиску, по синоќешната победа над бугарскиот Лудогорец

Фудбалерите на Шкендија синоќа во Скопје одиграа одличен натпревар против бугарскиот шампион Лудогорец и со пресврт славеа победа од 2-1 со што тетовскиот клуб си обезбеди предност пред реваншот на гости во Бугарија за седум дена.

Лудогорец допатува како фаворит во Скопје, а почетните минути донесоа израмнета игра со по некоја прилика и на двете страни. Гостите сепак први дојдоа до водство и тоа преку Дуарте по 17 минути игра.

Тој гол не ја откажа Шкендија која продолжи со добрата игра и наградата стигна во 35. минута и тоа на спектакуларен начи. Љатифи маестрално изведе слободен удар од огромна далечина и го матираше голманот Падт.






Skopjeinfo

Read Previous

Вучиќ повика на јавна дебата, студентите возвратија: Кога ќе распишете избори

Read Next

Старата чаршија ќе стане вистински културен и економски центар на Скопје, рече Меџити