August 21, 2025

Мицкоски: Планирана е набавка на 100 нови модерно опремени амбуланти возила

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила.

„Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата“, вели премиерот Мицкоски.







TV21

Read Previous

Утре и задутре авионско прскање против комарци во Скопје

Read Next

Сончево и топло со локална облачност, за викендот температурите во опаѓање