August 21, 2025

Уписите продолжуваат за учениците со поправни и годишни испити

Учениците кои полагаа поправни испити, испит на година или испити за побрзо напредување ќе имаат можност да се запишат во средните училишта каде што останале слободни места по завршувањето на јунскиот уписен рок.

Електронското пријавување ќе трае до полноќ, а потребната документација треба да се достави во училиштата утре. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе биде објавена во сабота, најдоцна до пладне.

Во јунскиот рок беа организирани две пријавувања – на 14 и на 30 јуни. Според податоците, речиси двојно повеќе ученици избраа средно стручно образование во однос на гимназиско.





ZOOM

Read Previous

Активни три пожари низ Македонија

Read Next

Грчки товарен брод потона кај Крит