August 18, 2025

Пет дена им требаше да напишат демант – ЈСП тврди дека жичницата има валиден сертификат

По многубројните пишувања и шпекулации во медиумите, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека нема причина за паника околу безбедноста на жичницата на Водно.

Од претпријатието потврдуваат дека жичницата има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година, а во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови како дел од редовниот годишен сервис.

Попладнево, Министерството за транспорт и врски извршило вонреден инспекциски надзор, при што не биле констатирани никакви технички недостатоци.

„Денес беше направен вонреден, детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски, при што беше утврдено дека жичницата е во исправна и функционална состојба“, стои во соопштението на ЈСП.

Претпријатието дополнува дека безбедноста е обезбедена според сите пропишани стандарди и дека по завршување на тековниот сервис, кој се врши во текот на месецов, жичницата повторно ќе биде на располагање на граѓаните.

„Се гледаме на падините на Водно – граѓаните наскоро повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата“, порачуваат од ЈСП.








Skopjeinfo

Read Previous

Наградени ќе бидат полицајците кои ја спасија жената во Вардар