August 2, 2025

Мицкоски: Благодарам на САД што ја корегираа тарифата од 33 на 15 отсто

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за новите тарифи од САД кон Македонија од 15 проценти, изрази задоволство што е во групата на држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но и најави продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување.

„Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински- односно не се царини, туку се трговски маржи, да ги наречам. Ние сме од 33% намалени на 15, преговорите продолжуваат, во моментов се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори коишто ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерствата и институциите и очекувам втора половина на август да продолжиме со преговорите. Очекувам уште да одиме подоле. Во соседството, од она што беше објавено, ја има Србија со 35%, БиХ со 30%, Швајцарија со 39% и ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ, и јас сакам во оваа прва фаза да се заблагодарам на САД што ја корегираа тарифата од 33% на 15%, ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подоле“, додаде премиерот Христијан Мицкоски.






TV21

Read Previous

Воена парада во Хрватска по повод 30-годишнината од операцијата „Бура“

Read Next

МОН ги објави конкурсите за ученички и студентски стипендии за 2025/26 година