August 1, 2025

За влез и излез на ГП Табановце се чека по 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Read Previous

 Активен еден пожар во Македонија – изгаснати четири

Read Next

Денес во Вила Водно втора седница на Советот за безбедност