
Пожарот што избувна во саботата во Крионери, област во регионот Атика во кој спаѓа и главниот град Атина, во Грција, која е под влијание на пустинска топлина, предизвика штета на неколку куќи.
Пожарот што се прошири и кон станбените подрачја резултираше со значително oштетување на некои имоти.
Авиони и бројни противпожарни екипи беа испратени за да го изгаснат пожарот, а пламенот беше ставен под контрола неколку часа подоцна.
Шумските пожари продолжуваат да беснеат и на островот Хиос и во регионот Месинија на полуостровот Пелопонез.