July 26, 2025

Беснеат пожари низ цела Албанија, евакуирани три села

Пожарот гори со денови, и во него изгореа 21 куќа и црква,  а поради силниот ветер се проширил кон други населени места поради што евакуирани се жителите на три села.

-Операцијата продолжува со сите структури, потпомогнати од 60 пожарникари и четири противпожарни возила на вооружените сили,  армиски хеликоптери како и на  Унгарија. За време на гаснењето, началникот на полициската станица Делвина, Агим Троци, од пламените јазици спаси дете и повозрасна жена, при што се здоби со изгореници и е хоспитализиран а 5 лица страдаа од задушување, објавија медиумите.

Во просек дневно се регистрираат по 25 пожари, од кои се изгорени над 450 хектари вегетација, маслинови насади и шума.

Во текот на последните 24 часа се регистрирани 29 пожари, од кои 13 се сè уште активни, а 6 се под надзор. 






Vecer

Read Previous

62 години од разорниот скопски земјотрес: Сведок се сеќава на најцрното утро во историјата на градот

Read Next

На граничните премини Табановце и Пелинце се чека по 45 минути